Дневната евтина тарифа на струја се враќа од 1 декември во периодот од 13 до 15 часот, информира Регулаторната комисија за енергетика. Дотогаш Електродистрибуција има рок од четири месеци за усогласување на сите 700.000 броила за домаќинствата.

- – „Евтината тарифа ќе биде достапна за сите домаќинства од 1 декември во периодот од 13 до 15 часот. Водејќи се од принципот за заштита на потрошувачите, а согласно направените анализи кои укажуваат дека декември е месец кога се зголемува потрошувачката на електрична енергија ја задолживме Електродистрибуција во овој рок да ги усогласи сите броила. Четири месеци се доволни за да се направат сите технички усогласувања со системот за пресметка и фактурирање и соодветниот софтвер“, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлуки и во однос на трошоците на енергетските компании. Според првиот човек на РКЕ, домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26 отсто.
- – „Донесените цени по блокови за период на висока дневна тарифа се следни – прв блок намалување од 7,04 отсто, втор блок намалување од 4,09 отсто, трет блок зголемување од 2,54 отсто и четврти блок зголемување од 2,42 отсто. Доенсените одлуки за цени и тарифи се без ДДВ. Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26 отсто, а од декември, со стартот на дневната евтина тарифа, ќе следува линеарно намалување за 5 отсто на сметките“, додаде Бислимовски.





