Ова е оценка на унгарскиот премиер Виктор Орбан изнесена во интервју за германскиот весник Die Welt во кое го искажа својот став за текот на војната во Украина.
За да ја спасат Украина, САД и Русија треба да преговараат за мир, тврди унгарскиот премиер.
Орбан и натаму смета дека победата на Украина против Русија е „невозможна“… „Проблемот е што Украинците ќе останат без војници порано од Русите. И тоа ќе биде одлучувачки фактор на крајот.
Затоа, тврди тој, „секогаш се залага за мир, мир, мир“.
„Во спротивно, Украина ќе изгуби огромни количини на богатство и многу животи, а ќе има незамисливо уништување“, вели Орбан.
Според него единствената можност за спас на Украина ја гледа во тоа „Американците да почнат преговори со Русите и склучуваат договор за безбедносната архитектура и во таа безбедносна архитектура и наоѓаат место на Украина“.
Тој, исто така, го оспори единственото право на Украина да одлучува за текот на војната: „Украина повеќе не е суверена земја. Тие немаат пари, немаат оружје. Тие можат да се борат само затоа што ние на Запад ги поддржуваме“. Западот, вели Орбан, има право „да дава оружје и пари или не“.
Шефот на унгарската влада е многу скептичен за намерата на НАТО да и даде безбедносни гаранции на Украина на самитот во Вилнус во јули.
Тој наведува дека „тоа не е унгарска идеја“, туку „најверојатно дојде од седиштето на НАТО“.
„Првиот чекор е прекин на огнот, а потоа преговори“, рече Орбан.
Само тогаш можеме да разговараме за „гаранции за мир, односно за воени или безбедносни гаранции за Украина“. „Значи, тоа не е првиот чекор, туку третиот или четвртиот“, рече тој, а потоа додаде: „Не треба да почнуваме од крајот“.
Орбан не кажа дали Украина може да стане членка на НАТО по војната…






