Има простор да се направи проверка на финансиските текови, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по податоците кои вчера на прес конференција ги изнесе внукот на Али Ахмети, за тоа како се стекнал со 39 отсто од сопственоста на бизнис-центарот „Соравиа“.
„Ова се податоци и информации кои што даваат можност да се отвори постапка за проверка, пред се финансиските текови.
Тасева за бизнис зделката „Соравија“: Следете гии парите!
Јавното обвинителство ќе може да отвори истрага и врз основа на тоа да задолжи надлежни институции за спроведување на законот и да се проверат сите овие факти и аргументи“, изјави Спасовски во одговор на новинарско прашање дали МВР ќе провери како Дрин Ахмети се стекна со 39 проценти од „Соравиа“.
„Мораме да бидеме сите еднакви и да нема селективност во делот на спроведувањето на правдата. Во однос на морална одговорност, тоа е работа на премиерот кој што оценува на кој што начин ќе се спроведат ваквите активности“, рече Спасовски.






