Претседателот на Собранието Талат Џафери се сомнева дека уставните измени за кои инсистира владејачкото мнозинство, набрзо ќе се најдат пред пратениците во парламентот.
Ќучук: Најдоцна за 2 недели уставните измени влегуваат во македонскиот парламент
„И да биде испратена Иницијативата во Собрание деновиве, според процедурите за промена на Уставот од денот на доставувањето до почетокот на процедурите треба да поминат 30 дена. Тоа значи и дека е можно да работиме во август иако овој месец е предвиден за одмор на пратениците“, изјави Џафери според кој иницијативата за измени на Уставот се уште не е доставена во Собрание, односно дека се уште се наоѓа во владина процедура.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери на брифинг со новинарите рече дека е можно пратениците да не одат на одмор во август доколку се започне со процедурата на промена на највисокиот правен акт.







