СДСМ упорен: Да продолжи дијалогот за уставни промени со ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница во проширен состав донесе одлука да продолжи дијалогот со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, заради како што се наведува, постигнување на општествен консензус.



Радев: Не е само промената на Уставот услов за Македонија во ЕУ

„Оценка на Извршниот одбор е дека дијалогот со опозициската ДПМНЕ за уставните измени треба да продолжи. Кога веќе ДПМНЕ не е против уставните измени, кога се согласи за учество во заедничка влада, нема причина дијалогот да не продолжи и да не започне собраниската процедура.

Даваме простор и шанса ДПМНЕ да останат на јавно искажаниот став и да се вклучат во процесот.

СДСМ со коалициските партнери ќе направи сѐ, целосно да ја искористиме оваа шанса, земјата да продолжи напред и да ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ“, стои во соопштението од СДСМ.