Внук на Али Ахмети, Бесиан, со само 10 месеци стаж, станал прв секретар во амбасадата во Брисел, поставен од министерот Бујар Османи, тврди ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, внукот, Бесиан Ахмети е преземен по пат на интерен оглас, од Министерството за економија.
„Иако упатувањето во дипломатско конзуларните претставништва (ДКП) на Македонија во странство се врши врз основа на спогодба меѓу МНР и соодветната институција, сепак Дипломатското звање го дава МНР, согласно член 78 во врска со чл 95 од Законот за надворешни работи, во случајов на помлад соработник одговара дипломатското звање „Аташе”, додека на советник и раководител на одделение одговара дипломатското звање „Прв секретар”.
Значи без соодветно образование и искуство, внукот Бесиан е унапреден 3 скалила погоре“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата упатуваат прашање до премиерот Ковачевски дали , како и во случајот со Дрин Ахмети кој станал сопствценик на „Соравија“ без да плати „ни 1 евро“, сега не знае ни за „дипломатот“.
„Дали можеби бидејќи имал посебна дарба за дипломат, како и внукот Дрин Ахмети за претриемач е поставен на местото прв секретар во амбасадата во Брисел? Дали (Димитар) Ковачевски не знае ни за вториот внук сега, кој е вработен во државна институција“?
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека единствен начин да се запрат овие луѓе, кои си прават династија на грбот на народот, се изборите кои следуваат.







