Експертот за човекови права на Обединетите нации, Фионуала Ни Аолаин, вели дека според критериумите на меѓународното право, американската влада постапувала со затворениците во Гвантанамо на суров, нехуман и понижувачки начин.



Таа го повика официјален Вашингтон да се извини за нечовечкиот однос и да ги обештети повредените, пренесува Ројтерс.

„По две децении поминати во притвор, страдањето на оние што останаа во Гвантанамо е длабоко и продолжува“, рече Аолаин во разговор со новинарите по посетата на експерти на ОН на затворот во Гвантанамо, Куба.

Таа порача дека американската влада мора итно да даде правна разрешница, извинување и гаранција дека вакво нешто нема да се повтори.

Пентагон не одговори веднаш на барањето за коментар.

Затворот беше основан во 2002 година од тогашниот американски претседател Џорџ Буш за сместување на осомничените по нападот на Близнакиње на 9 септември 2011 година.

Во својот врв броеше околу 800 затвореници, пред бројот да почне да се намалува.

Претседателот Џо Бајден изјави дека сака да го затвори објектот, но допрва треба да претстави план како да го стори тоа, додека во затворот сè уште има околу 30 затвореници.