Грчки медиуми вчера лиферуваа информација за поставени „ гигантски билборди на централните локации во градот Скопје“ со кои се повикува на прекинување на преговорите со Грција за прашањето за името.
Веста се појави токму дента кога вниманието беше фокусирано кон средбата на неколку министри во грчката влада на која „се пеглаа“ позициите околу идниот предлог за ново име за северниот сосед.
„Прото тема“ јавува дека кампањата со билбордите била лансирана од екстремната националистичка организација Македонска меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) со седиште во Торонто, Канада, под мотото „Нашето име е Македонија“.
Се оценува дека пораките се провокативни како „Немојте да бидете измамени од термините меѓународно, билатерално и уставно“… Доколку името на Македонија се промени за било каква употреба, тоа ќе се промени насекаде и засекогаш”. Или „Сакате ли да се нарекувате Ново-Македонци, Северно-Македонци, Скопјани.
ММДЧП ја напаѓа владата на Заев повикувајќи на прекинување на преговорите со Грција, што ги опишува како „расистички и антимакедонски“, пишува порталот In.gr. .
“Она на што постојано предупредуваме сега јавно е објавено, дека се преговара за името, идентитетот, јазикот и за нашата историја за да ги задоволи нашите угнетувачи”, се вели во соопштението на најекстремната националистичка организација на Скопје од Канада, пишува Прото тема“ чиј главен амблем е Сонцето на Вергина и карта на „Голема Македонија“.




