Путин: Избегнато е крвопролевање и братоубиство

Во острото и кусо телевизиско обраќање, синоќа, рускиот председател Владимир Путин говорејќи за обидот за пуч од страна на платеничката формација „Вагнер“, рече дека „секаков вид на уцена е осуден на неуспех“ и дека Западот сака руските војници да се убиваат едни со други.



„Токму таков исход – братоубиство – сакаа непријателите на Русија: Неонацистите во Киев, нивните западни патрони и некои предавници на народот. Тие сакаат руските војници да се убиваат меѓусебно, да убиваат воени лица и цивили за да Русија на крајот би била изгубена, а нашето општество би се поделило, задушено во крвав граѓански конфликт“, рече Путин.

Тој се осврна и на обичните членови на Вагнер, за кои рече дека огромното мнозинство од нив се руски патриоти.

„Знаевме и знаеме дека огромното мнозинство борци и команданти на групата Вагнер се исто така руски патриоти, лојални на својот народ и земја. Тие тоа го докажаа со својата храброст на бојното поле за ослободување на Донбас и Новорусија. Тие се обидоа да ги искористат против нивните браќа по оружје со кои заедно се бореа за доброто на земјата и нејзината иднина“, рече рускиот претседател.

„Од самиот почеток на настанот, под мои директни упатства, беа преземени мерки за да се избегне големо крвопролевање. какви трагични, деструктивни последици за нашата земја Русија има авантурата во која тие се вовлечени“, рече Путин.

„Им благодарам на оние војници и команданти на групата Вагнер кои ја донесоа единствената правилна одлука – не влегоа во братоубиствено крвопролевање, тие застанаа на последната линија“, рече тој.

Така тој директно им се обрати на членовите на Вагнер:

„Денес имате можност да продолжите да и служите на Русија со потпишување договори со Министерството за одбрана или други агенции за спроведување на законот или да се вратите кај вашето семејство и пријатели.
Секој што сака може да оди во Белорусија. Ветувањето што го дадов ќе се исполни“, рече тој.

Путин се заблагодари и на „армијата, полицијата и разузнавачките агенции, како и на херојските пилоти кои застанаа на патот на бунтовниците“ и на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, „за неговите напори и придонес за мирно решавање на ситуацијата.

Тој исто така рече дека руското општество се консолидирало во моменти на бунт.

„Повторувам, патриотскиот дух на граѓаните, консолидацијата на целото руско општество одиграа одлучувачка улога овие денови. Оваа поддршка ни овозможи заедно да ги надминеме најтешките искушенија за нашата татковина. Ви благодариме за тоа. Ви благодариме“, рече Путин.