Фото на денот: „Сребрениот“ Георгиевски на подиумот во Краков

Дејан Георгиевски на победничкиот пиедестал на 3. Европски игри во Полска е фотографијата на денот, во која македонскиот таеквондист е со сребрениот медал во категоријата над 87 килограми.



На Георгиевски на подиумот друштво му прават шампионот Кејден Луис Канингам од Велика Британија и „бронзените“ Пашко Божиќ од Хрватска и Емре Куталмиш Атешли од Турција.

Медалот за олимпискиот вицешампион од Токио е прв за Македонија на Игрите, вкупно трет во досегашните три изданија по бронзите на каратистите Емил Павлов и Мартин Несторовски во Баку 2015.