Некогашната пратеничка на СДСМ, а сега лидер на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева, го коментира писмото од бугарскиот претседател Румен Радев до европските лидери и институции за пристапувањето на Македонија во Европската унија.



„Немој после некој да каже дека не знаел или да лаже дека со уставните промени завршува приказната и дека еве само што не сме влегле во ЕУ.

Радев убаво си кажа (а нашиве кријат) дека тоа е само почеток на уцените.

Не научивте ништо од Заев и од неговите ‘преговори’?“, реагира Грчева на Фејсбук за констатацијата на ТВ Алфа во врска со писмото од Радев дека „промената на Уставот не е единствениот услов за Македонија во ЕУ“.