Внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети кој денеска призна дека без едно евро инвестиција добил десетина милиони вреден имот во центарот на Скопје не учел во Македонија како да стане добар бизнисмен.
Своето знаење кое сега му носи најмалку десетина милиони евра го стекнал на Американскиот Колеџ во Атина каде научил да прави милиони евра од знаење без да вложи денар.
Дрин Ахмети кој ладнокрвно рече дека ќе стане сопственик на 39 проценти од ТЦ Соравија само затоа што бил добар претприемач завршил факултет во Грција.
Во Грција на повеќе различни факултети во последниве три децении студирале стотици македонски млади луѓе но единствено Дрин Ахмети, чиј вујко Али е неформален шеф на македонската влада, успеал да го направи невозможното, без еден денар лична инвестиција и само со наводен силен претприемачки дух успеа да биде газда на имот вреден најмалку десет милиони евра.
Овој феномен без пари во законски бизнис некој да стане газда на огромен капитал го нема ниту во Грција, ниту на Балканот, Европа и пошироко.
Корупција или генијалност: Внукот на Ахмети добил 10 милиони евра имот затоа што е добар претприемач





