Георгиевски во финалето во таеквондо на Европските игри во Полска

Олимпискиот вицешампион во таеквондо Дејан Георгиевски го обезбеди првиот медал за Македонија на 3. Европски игри во Полска со пласманот во финалето во категоријата над 87 килограми, во кое за противник во 20:36 часот ќе го има Кејден Луис Канингам од Велика Британија.



На патот до борбата за златниот медал вториот носител Георгиевски денеска во Краков ги победи Матија Молин од Италија со 2:0 (по рунди 14-1 и 7-3) во осминафиналето, потоа Андреј Харбар од Украина со 2:1 (2-4, 7-0 и 16-14 откако губеше со 9-1!) во четвртфиналето и третиот фаворит Иван Гарсија Мартинез од Шпанија со 2:0 (4-2 и 8-3) во полуфиналето.