За директорот на Канал 5 ужасно е да нема генетска разлика меѓу маж и жена

Во јавната дебата за владините предлог закони за родова еднаквост и за матични книги се вклучи и директорот на Канал 5 Иван Мирчевски.



Според Мирчевски за кого треба да има родова еднаквост ужасно е барањето да не постои генетска разлика меѓу мажите и жените а многу работи со овие закони се катастрофални, па дури и името.

,,Родова еднаквост значи еднакво учество на мажот и жената во сите сфери на општеството/државата.
Ова за кое одредени групи во Македонија се залагаат треба да се вика – родово поистоветување, односно да не постои генетска разлика помеѓу маж и жена, што само по себе е ужас.
Јас немам ништо притив хомосексуалците, се додека своето сменето практикување на природните карактеристики не ги пренагласуваат и дел од нив лажно ги претставуваат”, смета Мирчевски кој изразува поддршка за протестот против двата закони со хаштагот: #ИмамеДолжност

Мирчески во постот го споделува и јавниот повик на поглаварот на МПЦ-ОА за протест против спорните закони.

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција кои според црквата се против интересите на македонските граѓани.

МПЦ-ОА забележува што во предложените закони ниле упати на низа забелешки за спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат во предвид од страна на власта.

Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата поради што Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023г. од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Во прилог и обраќањето на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.