Ковачевски и натаму верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат уставните измени

Даваме простор на ВМРО-ДПМНЕ да одлучат и верувам дека на крај заеднички ќе направме чекор за продолжување на евроинтеграциите – рече премиерот Димитар Ковачевски, кој и натаму е оптимист за гласовите од опозициската партија за уставните измени и покрај нивниот став дека под овие околности пратеничка група останува против. Тој повтори дека Македонија е пред важна одлука за полноправно членство во Европската Унија, а за тоа има и силна поддршка од меѓународната заедница.



Иако веќе три недели амандманите за вметнување на Бугарите и други пет народи во уставот се доставени до Владата од министерството за правда, Ковачевски вели дека се уште нема одредено конкретен датум кога тие ќе се стават на владина седница.