Внукот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска пред медиумите обзнани дека за овој удел од 39% за купување на бизнис-центарот „Соравија“ нема да плати ниту евро.



Според негови зборови, овој процент од сопственоста ќе му следува само поради претприемачкиот дух но и дека го пореземале „огромниот долг“ на бизнис-центарот.

Во структурата на сопственоста, 39 отсто ќе му припаднат на сопственикот на „ТОР Индустрис“, Дрин Ахмети, 51 процент ќе добие неговиот партнер од Албанија, Владимир Пјетерџокај како сопственик на Пе-Вла-Ку од Албанија, а 10 проценти ќе му останат на досегашниот сопственик Хано Соравиа.

„Јас ќе го водам деловниот објект „Соравиа“ и затоа добивам 39 отсто. Кредитот кој го подигнавме во висина од 6 милиони евра од албанската банка Крединс Банк за да ја купиме „Соравија“ е на име на господинот Пјетерџокај. Тој таму е акционер и има добра репутација, затоа банката лесно му го одобри задолжувањето“ пренесе Фактор.

Ова е бизнис и секој бизнис е ризик, затоа ако не оадат работите како што треба, ние ќе може деловната зграда да ја ставиме на продажба“, рече Дрин Ахмети.