Премиерот Димитар Ковачевски денеска изрази уверување дека и ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи во носењето на одлуката за уставните измени во текот на наредниот период и нагласи дека се уште нема конкретен датум за владината седница на која ти ќе бидат ставени на дневен ред уставните измени.
„Нема конкретен датум“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање во Свети Николе, пренесе МИА.
Паралелно на ова негова изјава, бугарски медиуми објавија дека претседателот Румен Радев испратил писмо до европските „колеги“ вом кое се спротивставува на „лобирањето“ на Скопје за влез во ЕУ.
Радев уште еднаш потсетува дека „вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата е само прелиминарен услов за почеток на преговорите за членство и тоа не ги исцрпува условите што треба да ги исполни Македонија“.
А, Ковачевски во исто време вели дека „од вчера до денеска нема ништо ново во однос на евентуални разговори со опозицијата“ и дека по 17 години чекање, „оставаме простор за прв пат во историјата ВМРО-ДПМНЕ заедно со нивното раководство да се одлучат да бидат дел од носењето на една ваква одлука и продолжување на европската интеграција на државата“.






