Аналитичарот Џевдет Хајредини ја коментира изјавата на Изет Меџити, еден од „огнените“, според кој неговата група нема да наседне на провокации од страна на ДУИ споменувајќи притоа инциденти пукање, загинати, ранети, луѓе што лежат во затвор…
„Ако сакаат тој филм да го гледаат, ние нема да паднеме на такви провокации“, изјави Меџити за ТВ Алфа.
На ова Хајредини вели:
„Случаите на пукање, загинување и ранување за време на избори во ограноците, за ДУИ се знак на развиена внатрепартиска демократија.
Тие пукаат и никој не ги гони и на првиот ден од предизборната кампања и кога слават победа и на свадби“, објави Хајредини.






