Половина или 49,9 отсто од испитаниците во последната анкетатата што ја спроведе агенцијата Маркет вижн за МКД.МК сметаат дека Македонија нема да стане членка на ЕУ.



Нешто помалку од една третина од испитаниците (30,2%) сметаат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, а од нив приближно две третини или 60,3% сметаат дека тоа ќе се случи во следниве 10 години.

Испитаниците од македонска етничка припадност во споредба со испитаниците од албанска етничка припадност повеќе имаат негативен став кон уставните измени и помалку ги поддржуваат дури и во случај на гаранции од ЕУ.

Повеќе од 54 отсто од испитаниците се против промени во Уставот, а позитивен став во врска со уставните измени за запишување на Бугарите во Уставот имаат 16,4% од испитаниците, објави МКД.МК.