Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е уште попопуларен меѓу републиканските гласачи кога станува збор за изборот на кандидатот на таа партија за претседателските избори во 2024 година, се наведува во анкетата на Ен-Би-Си њуз.
Според тоа истражување, 51 отсто од гласачите на Републиканската партија би го избрале Трамп за кандидат, а 22 проценти би гласале за гувернерот на Флорида, Рон Десантис. Тоа е пет отсто зголемување за Трамп и девет отсто намалување за Десантис од анкетата на Ен-Би-Си во април.
Анкетата беше спроведена помеѓу 16 и 20 јуни, една недела откако Трамп беше обвинет за лошо ракување со доверливи документи кои беа обелоденети минатата година во неговата резиденција на Флорида, Мар-а-Лаго.






