Од што се уплаши Маричиќ на ЛГБТ парадата за да го чува бодигард (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Дали членовите на ЛГБТ заедницата и нивните симпатизери се чувствуваат навредени што вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ се појави со државен бодигард на ,,Парадата на гордоста” која се одржа вчера ви Скопје.



Ова е суштината на твитот на денот кој expres.mk нема да го објави со линк поради навредливите коментари во него.

Појавувањето на Маричиќ со бодигард на ЛГБТ настанот е проблематичен од аспект на злоупотреба на државни ресурси за приватни цели но и од аспект на неговото чувство на загрозеност додека шеташе со луѓе кои не се ниту насилни, ниту агресивни ниту имаат досие за криминал.

Зошто Маричиќ дојде со обезбедување на мирен настан со мирни луѓе е прашање на кое треба да одговори вицепремиерот лично затоа што луѓето кои биле дел од парадата на гордоста треба да знаат дали вториот човек во владата се плаши од нив.