Директорката на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајковска ја анализира ситуацијата во која секоја од големите македонски партии трпи штета кога е во коалиција со ДУИ затоа што партијата на Али Ахмети и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги уценува за да останат на власт.
,,Колку е поголем рејтингот на ДУИ, толку е помал рејтингот на СДСМ, ама џабе го веземе ова со години. Нема кој да им каже на СДСМ дека води самоуништувачка политика, на своја штета, а секогаш, ама секогаш на сметка на својот коалиционен партнер ДУИ. ВМРО не мора многу да се мачи, може да стои на страна и да грицка семки”, анализира Трајкоска според која додека Социјалдемократите работат во корист на ДУИ и им го креваат рејтингот.
Трајкоска смета дека на крај проблемот е друг затоа што ВМРО пак ќе мора да коалицира со ДУИ, па ДУИ ќе работи на нивна штета и така ќе се вртиме во круг.
,,И не, не е ДУИ единствениот проблем, поголеми проблеми се СДСМ и ВМРО, ама пак, мора да си признаеме дека ДУИ води добра политика за себе и своите членови.
Нив со години им успева се оти се паметни, сериозно вплетени во цел државен и правосуден систем и водат политика како да играат шах. Клиентелистички во врзаа своето гласачко тело, умно се претставуваат како најважниот фактор на сите амбасади во Македонија, ги плашат македонските партии дека заради нив ќе изгубат власт (сега на ред е СДСМ), шират етноцентризам, национализам и страв за нарушување на меѓуетничкиот мир во државата, а во меѓувреме ја експлоатираат и купуваат се живо и диво.
Така што, додека има партиски овци, Груби е најголем шизик. Помирете се или извадетете ја главата од песок и излезете од под јорган, направете 2-3 чекори баз страв, оти не е толку ужасно да си слободен како што ве плашат. Напротив!”, пишува Трајкоска која индиректно апелира за договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со цел да запрат уцените од ДУИ штетни за Македонија и сите нејзини граѓани.






