
Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, со обезбедување од МВР маршираше низ Скопје за „Парада на гордоста“. Во неговата објава со фотографии, се гледа како обезбедувачот кој го прати на сите официјални настани, денеска, го придружувал и на манифестацијата каде не беше во својство на функционер, објави Макфакс.
Тоа што било забележано дека други функционери за разлика од него не користеле обезбедување. Се додава дека дури и Пендаровски пред некоја година на ваков настан бил без обезбедување, иако е претседател на државата.
Сепак, се наведува дека вицепремиерот е еден од функционерите кому како заменик на премиерот, му следува обезбедување.
Истото право го имаат министерот за претседателите на Собрание, Влада, сите заменици на премиерот, министерот за одбрана, министерот за внатрешни работи, директорот на Бирото за јавна безбедност и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање.





