Од вторник исплата на јунските пензии

Од 27 јуни, вторник, почнува предвремената исплата на јунските пензии, така што пензинерите кои имаат картичкли пензијата ќе можат веднаш да ја подигнат од банкоматите.



За оние пензионери кои добиваат со висина до 11.000 денари, исплатата на шалтерите на банките ќе се изврши на 27.06.2023 година (вторник).

За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2023 година (среда);

Пензионерите кои примаат пензии во висина од 14.001 – 18.000 денари, исплатата треба да се изврши на 29.06.2023 година (четврток), додека пак за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2023 година (петок).