Новинарот Ивор Мицковски со свое мислење за вчерашната посета на премиерот Ковачевски во Делчево каде присуствуваше на отворање на – нов пазар.
„Премиерот си шета по фирми во родниот град, си тера корпоративен ПР, го заболе и за одговорност барање за Мерко, ни дека луѓе ни умираат или се лечат со донации на граѓани, ни дека институции спиеле и спијат на негова должност, ни дека активист штрајкува со жед, ни дека коалициониот партнер ја ограби, па купи државата, ни дека тројца од црна листа му се во коалиција, не бе брате, он има макарони ПР за терање“, коментира Мицковски на Фејсбук.






