Грците излегоа на гласање во неделата по втор пат за нешто повеќе од еден месец за да изберат нов парламент, при што се очекува гласачите да им дадат втор мандат на конзервативците на поранешниот премиер Киријакос Мицотакис.
Изборите во недела се одржуваат во сенката на мигрантскиот бродолом на 14 јуни, во кој се стравува дека стотици луѓе загинале крај јужна Грција – една од најлошите такви катастрофи во изминатите години, ја покажа поделеноста на партиите околу миграцијата, јавува Ројтерс.
Партијата Нова демократија на Мицотакис победи на изборите на 21 мај, за 20 % повеќе освоени гласови од левичарската партија Сириза која владееше со Грција од 2015 до 2019 година.
Но, тоа не беше доволно да се обезбеди целосно мнозинство потребно за владеење без формирање коалиција, што беше причина за ново гласање според различни правила што ѝ олеснуваат на победничката партија да обезбеди мнозинство во 300-члениот парламент.
Анкетите во последните денови покажаа дека Нова демократија води со повеќе од 40 отсто од гласовите, а Сириза на чело со Алексис Ципрас би добила поддршка од околу 20 отсто.







