Македонското МНР повикува граѓаните да не патуваат во Русија

Зградата на Министерството за надворешни работи (МНР) на Република Северна Македонија
Зградата на Министерството за надворешни работи (МНР) на Република Северна Македонија

Министерството за надворешни работи (МНР) на Република Македонија соопшти дека одблиску го следи развојот на состојбите во Руската Федерација и е во постојана комуникација со своите партнери и сојузници.

Од МНР потсетуваат дека се уште е на сила препораката од 28 февруари 2022 година – сите граѓани на Македонија да се воздржат од патувања кон Руската Федерација, а оние кои имаат можност да ја напуштат земјата.



Од Министерството велат дека сите државјани на Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, може да ја контактираат Амбасадата во Москва на следните телефонски броеви: +7 925 025-98-05 (мобилен) е-mail: nenad.kolev@mfa.gov.mk.
Земјите ширум светот внимателно ги следат новите настани во Русија, по бунтот на приватната воена платеничка група Вагнер против руската власт.

Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин повика на бунт против руската армија, но негираше обид за воен удар. Кремљ нареди апсење на Пригожин, а против него се води истрага за поттикнување бунт. Претседателот на Русија Владимир Путин во вонредно обраќање рече дека ова е удар во грб. Тој рече дека ќе стори „сè да ја заштити земјата“.