И најверните апологети на СДСМ признаваат победа на ВМРО-ДПМНЕ: Огромни ,,уговњувања” на СДСМ и партнерите

Еден од главните апологети на власта на СДСМ новинарот Бранко Тричковски признава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на наредните избори и затоа тој сега бара ,,Пресврт” затоа што во спротивно партијата што ја брани ќе треба да изврши самоубиство.



Според Тричкоски причините за најавената победа на ВМРО-ДПМНЕ е и однесувањето на владеачките партии односно: ,,огромни се и оштетувањата од сопствените уговњувања на сдсм и на неговите партнери”.

Во ,,пресвртот” на кој се надева Тричкоски ако веќе не може ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ да влезе во собранието тогаш тој прифаќа СДСМ да победи со два три пратеници предност.

Според најновите анкети ВМРО-ДПМНЕ на следните избори би победил со 20 до 35 пратеници предност пред СДСМ со реална можност Мицкоски да има контрола на 61 пратеник во собранието.

Во својот конфузен пост Тричковски меѓу родови најавува тотален дебакл на СДСМ на следните избори.