,,Вистиномер” да каже дали за новата анкета Груби јавноста ја лаже (ФОТО)

Дали вицепремиерот Груби лаже кога вели дека според последната анкета на Маркет Вижн ДУИ води пред другите партии.



Ова барање од организацијата која што утврдува дали некоја медиумска информација е лажна или точна го упатува пратеникот Драган Ковачки.

,,Овие од ,,Вистиномер” ќе потврдат ли дали Груби лаже или ја говори вистината?
Според анкетата што самиот Груби ја објавил, ДУИ е трето рангирана.
На кого му води ДУИ?”, прашува Ковачки која објавува слика од медиумски напис и статус на Груби во кој тој се фали дека ДУИ е во водство на анкетата на Маркет Вижн.