Екипите на Челзи, ПСЖ и Лос Анџелес Галакси се три клубови кои се нестрпливи да ги започнат преговорите за трансфер на најдобриот светски фудбалер кој, како стојат работите, летоска ќе си заминува од Реал Мадрид.
АС пишува дека Роналдо бара нов договор според кој ќе неделно би заработувал минимум 560.000 евра колку што е платата на Лионел Меси во Барселона, но дека бил одбиен од претседателот Флорентино Перез со образложение дека соработката била продолжена пред само една година.
И лани летоска имаше искри на релација Роналдо-Перез и долго се говореше за раскин на договорот, но потоа се одеднаш се смири и Португалецот заигра, но тоа не е сезона на која се навикнати на Сантијаго Бернабе.




