„И во последната анкета, како и во сите останати, самоуверено одиме напред со вашата голема поддршка!“, вели Артан Груби кој објави резултати од анкета, од која се гледа дека ДУИ има предност во албанскиот блок.



СДСМ, коалициониот партнер на ДУИ, ја губи поддршката од граѓаните. Според графиконот објавен од Груби, ВМРО-ДПМНЕ има предност 10,5 проценти.

Според објавата, оваа анкета е направена на почетокот од јуни и спроведена е на 1.200 испитаници.

Анкетата е направена пред градоначалникот на ДУИ, Рамиз Мерко да се најде на црната листа на САД.