Покрај Охридско-струшкиот регион, според информациите на Центарот за управување со кризи, невреме со дожд и град го зафатил и кичевскиот регион.
Од дежурните оперативци ви 112 и СОК во ЦУК, согласно јавувањата на граѓаните на 112 и на дежурните институции во земјава, информираат дека невремето од Охридско-струшкиот регион се движи кон Кичевско и веќе го зафсќа и Полошкиот регион, стои во информацијата од ЦУК.
Од Центарот за управување со кризи велат граѓаните каде што гледаат критични точки од поројот или попречување на пат да пријават на 112 или во Општината, а и директно во локалните комунални претпријатија, додека за испумпување вода во Пожарна и Дирекцијата за заштита и спасување.







