Рускиот претседател Владимир Путин изјави, откако војниците на групата „Вагнер“ влегоа во Ростов на Дон, дека тоа е „предавство и нож во грб“.
„Ова е еднакво на вооружен бунт, Русија ќе се брани“, рече рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на своето обраќање, додавајќи дека Русија се бори за животот и безбедноста на граѓаните на Федерацијата.
„Ова е обид да не нападнат одвнатре, ова е предавство“, рече Путин според кој секој конфликт мора да биде отфрлен за време на специјална воена операција.
„Ситуацијата околу Ростов е многу комплицирана. Ние правиме се“ за да го одбиеме овој напад. Ова е нож во грб за нас. Тие што се побунија ја предадоа Русија и ги повикувам сите вклучени во таа акција да престанат со секое учество во вооружен конфликт“, рече претседателот на Русија.
Путин рече дека е издадена наредба да се неутрализираат сите кои го организирале овој бунт.
„Ќе се спротивставиме на искушенијата и предизвиците. Ќе бидеме посилни од порано“, рече претседателот на Русија.
Путин рече дека оние кои ја делат Русија и нејзините граѓани неизбежно ќе бидат казнети.
Тој додаде дека во Москва и во неколку соседни региони се во сила антитерористички мерки.
Тој исто така нагласи дека секој конфликт мора да биде отфрлен за време на специјална воена операција.
Путин рече дека Русија води тешка битка за иднината и дека целата „воена и информатичка технологија на Западот е против Русија“.
Пригожин во вчера го обвини руското воено раководство за напад на кампот на неговите платеници, при што уби многу од неговите луѓе. Тој потоа се закани дека ќе го „чисти“ военото раководство на Русија, велејќи дека има 25.000 луѓе под негова команда.







