Украина може да направи нуклеарна бомба, изјави Алексеј Арестович, поранешен советник на претседателот на Украина Зеленски.
Според него, Украина може да направи нуклеарна бомба за краток временски период, но потребно е одредено време за збогатување ураниум или плутониум, бидејќи тие не се лесно достапни.
„Нуклеарното оружје веќе е употребено против нас. После тоа какви опции имаме за заштита? Или треба да бидеме примени во НАТО во рок од еден ден, што е една гаранција, или потоа ќе направиме нуклеарно оружје, бидејќи нема друго гаранции“, нагласи тој.е Арестович.
Тој посочува дека, доколку не се направи нуклеарно оружје, тогаш потребно е целосно да се вооружи армијата со видовите оружја што ги има НАТО.
Изјавата доаѓапо онаа на Зеленски според кој Русите планираат напад на нуклеарната централа Запорожје, што ќе доведе до несогледливи последици.
Таквата изјава повеќе звучи како закана отколку како предупредување и може да биде показател дека Киев планира напад за кој би ја обвинил Москва. б92







