Министерката за одбрана Славјанка Петровска продолжи по стапките на шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој како претседавач со ОБСЕ побара деескалација на ситуацијата во северниот дел од Косово со мнозинско српско население.
„Деескалација и значаен дијалог се единствениот пат напред за Косово и за целиот регион. Северна Македонија како придонесувач во КФОР ги поддржува сите мерки за одржување безбедна и сигурна средина. Нашата заедничка цел е мирот. Нешто на што секој граѓанин има право“, порача Петровска.





