Бујар Османи соопшти дека откако лидерот на ДУИ Али Ахмети се сретнал со Мерко, партијата донесла три одлуки, но ниедна од нив не предвидува исклучување на Мерко од партијата ниту оставка од функцијата градоначалник на Струга.
Наместо тоа, ДУИ го стави на пауза неговото членство во раководството и Генералниот совет додека заврши истрагата, по што се очекува да се донесе одлука.
Партиски извори блиски до ,,Огнената група” тврдат сака западни дипломати дале предлог како партијата да расчисти веднаш со Мерко кој е на црната листа на САД но Мала Речица одбива да го стори тоа.
Причината според изворите во ДУИ се информациите што Мерко ги има за Ахмети и Груби и можноста тој да проговори за низа контроверзни случувања за кои знае доколку биде елиминиран од партијата поради американската црна листа.
Луѓе блиски на Мерко деновиве брифираат дека голем дел од работите за кои е обвинуван струшкиот градоначалник не биле за негова лична туку за партиска корист и сега Мерко не се согласува да биде колатерална жртва на тешката ситуација во ДУИ.
Еден од предлозите за прекин на врската меѓу Ахмети и Груби и Мерко кои до ДУИ дошле од западни дипломати е членовите на ДУИ кои работат со него во општината Струга да започнат бојкот на сите негови активности по што тој нема да може да ја води општината.
Сите соработници на Мерко во општина Струга и сите шефови на локални институции се луѓе од ДУИ кои што можат со бојкот Мерко да го натераат да си оди.
Предлогот засега се одбива затоа што освен што Мерко на овој чекор може да врати со инкриминирање на Ахмети, Груби и други луѓе од раководството на ДУИ не се исклучува и голема партиска штета во изборната единица 5 пред следните парламентарни избори.
Во моментов ДУИ не прави ништо конкретно за да пред САД и ЕУ покаже дека се оградува од Мерко со што директно ја помага позицијата на ВМРО-ДПМНЕ од каде со месеци тврдат дека ДУИ мора на подолго време да замине од владата затоа што е главната корупциска пречка за напредок на Македонија.





