
Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ се обрати до нацијата во врска со ситуацијата на Косово и Метохија.
– Сакам да ве информирам дека српскиот народ на Косово и Метохија е изложен на страшен погром од приштинскиот режим на Аљбин Курти. Србите се секојдневна мета на Аљбин Курти. Единствена вина им е што имаат српски имиња и презимиња, а веројатно и што не сакаат да го напуштат своето огниште. Теророт што го спроведува режимот на Курти веќе не може физички да се издржи.
Согласно сите факти и поради коректната и професионална соработка што ја имаме, го информирав командантот на КФОР дека со голема вознемиреност ги следиме настаните и бараме да се преземат итни мерки за заштита на српскиот народ и неговото право на опстанок. Ова е нашата молба до единиците на КФОР, целиот КФОР и другите меѓународни безбедносни институции на Косово и Метохија.
– Армијата на Србија ги исполни и ги исполнува сите свои меѓународни обврски кои произлегуваат од резолуцијата 1244 на Обединетите нации, воено-техничкиот договор и сите времени процедури, за работа и режим на работа по административна линија. Но, денес е јасно дека меѓународната заедница не ја исполнува својата улога. Српските вооружени сили, во согласност со Уставот на Република Србија и Повелбата на Обединетите нации, доколку добијат наредба од Врховниот командант, целосно ќе ги извршуваат сите свои задачи во однос на севкупната безбедносна криза. Да живее Србија – рече тој.





