Гувернерот на грчкиот регион Централна Македонија, Апостолос Цицикостас, во денешно интервју вели дека постојат идеални услови за целосен договор решавање на спорот со името, но без вклучување на зборот „На владата не и е дозволено да се повлече од националните црвени линии, штѕо беа поставени пред десет години во Букуреш за време на премиерот Костас Караманлис. И тоа е она што мислам дека е јасно и мора да биде јасно“.



Цицикостас, рече дека кога зборува за сеопфатно решение, тоа значи дека заедно со прашањето за името, владата има обврска да ги има предвд сите прашања и да ги реши, како што се иредентистичкото однесување и пропагандата на Скопје низ годините. Стоп за фалсификување на историјата, за употребата на симболи и сл, пренесува „Катимерини“.

„Сето ова мора да биде вклучено во сеопфатното решение кое ќе се преговара од владата, за да може ова решение да биде одржливо“, истакна тој.

Тој додава дека условите во моментот се идеални за (зборот) Македонија да не постои во името на Скопје. Затоа, владата сега треба да води соодветни преговори, со конкретна стратегија за постигнување на целта.

На прашањето дали е оптимист дека ќе се најде решение, Цицикостас одговора: „Не можам да бидам ниту оптимист, ниту песимизам во оваа фаза, бидејќи немам податоци. Владата никого не информираше за текот на преговорите и затоа никој не може да знае каде е целата работа.“