Внукот на Ахмети од бебе заработувал 3279 евра дневно а деканка не можела да си купи ниту велосипед

Деканката на Факултетот за музичка уметност Дарија Андовска иронично анализира како внукот на Али Ахмети успеал да собере 30 милиони евра за да си купи трговски центар во центарот на Скопје.



Андовска пресметала дека додека таа на 25 години не можела да си купи ниту велосипед Дрин Ахети успеал да заработи по речиси 110 евра за секој час од животот откако дошол на свет за да може да стане газда на огромен и скап деловен објект.

,,Морав да пресметам, а и сите 25 години од животот му ги пресметав како престапни.
Тоа се 9150 денови (366 х 25).
Значи, 30.000.000 евра ÷ 9150 денови =
човеков дневно заработувал 3.279 евра.
Дневно минимум, за да има денес да даде 30.000.000 евра за да си купи трговски центар.
И сигурно не му е тоа сè што има.

Јас на 25 не можев ни точак да си купам.
Смотана.

Туку, ајде ние да си се вратиме на скенирање сметки ❤️”, пишува Андовска во потсмешливиот статус откако внукот на лидерот на ДУИ го купи трговскиот центар Соравија.