Агенцијата за национална безбедност две недели крие таен агент што го крши законот (ФОТО)

Агенцијата за национална безбедност повеќе од две недели крие таен агент што го крши законот.



Иако уште на седми јуни вработен оперативец на Агенцијата за национална безбедност позната како АНБ е фатен како учествува на партиски митинг на СДСМ тој не е суспендиран ниту избркан од работа за очигледно кршење на законот.

Екс градоначалникот на Чешиново и Облешево Горанчо Крстевски иако не смеел според законот бил дел од партиски настан на СДСМ со што директно го прекршил законот за АНБ но агенцијата не го гони за тоа.

Во јавноста сега се поставуваат логични прашања како на пример дали Миле Костов како раководител на внатрешната контрола ќе постапи поради прекршување на член67 став 1 алинеа 9 од Законот за АНБ.

На потег е и првиот човек на АНБ, Заре Милошевски кој што што треба да каже што ќе преземе за партиските активности на својот вработен?

Оперативецот кој беше вработен во АНБ откако остана без работа беше откриен откако висок функционер на СДСМ објави фотографии со него на партиски митинг.

Таен агент учествува на партиски митинг на СДСМ (ФОТО)