Американскиот претседател Џо Бајден вчера ја бранеше изјавата дека неговиот кинески колега Си Џинпинг, е диктатор, пренесува АП.
Бајден рече дека неговите зборови нема да имаат негативно влијание врз односите меѓу САД и Кина и дека сепак очекува наскоро да се сретне со Џинпинг.
Забелешките, кои поттикнаа официјален протест од Кина, предизвикаа нов раскол само неколку дена откако државниот секретар Ентони Блинкен ја заврши посетата на Пекинг дизајнирана како чекор кон стабилизирање на врските и подобрување на комуникациите.
„Очекувам да се сретнам со претседателот Си некаде во иднина, во блиска иднина. И мислам дека тоа нема реални последици“, рече тој.
Кинеската амбасада во Вашингтон во средата поднесе формален протест:
„Со неодамнешните неодговорни забелешки за политичкиот систем на Кина и нејзиниот врвен лидер, луѓето не можат а да не ја доведуваат во прашање искреноста на американската страна“ во обидот да се стабилизираат односите, се вели во соопштението на амбасадата.
„Кинеската влада и народот не прифаќаат никакви политички провокации против врховниот лидер на Кина и ќе одговорат одлучно.





