Коѕиас вели има предлог за сложено име, никој не знае кој е!

Министерот за надворешни работи на Грција, предложи едно единствено сложено име за сите употреби во врска со прашањето за името на ПЈРМ, пренесуваат грчки медиуми по денешната средба во кабинетот на премиерот Алексис Ципрас..



Никос Коциас тоа го изјави веднаш по состанокот, и ги повика сите политички сили да постигнат разбирање околу ова прашање, јави АНА–МПЕ“.

Но, кој е предлогот за сложеното име со географска одредница и за секоја употреба се уште не се соопштува.

Веднаш по изјавите на шефот на дипломатијата Коѕиас, но и на лидерот на „Независни Грци“(АНЕЛ), Панос Каменос кој рече дека „му верува Министерството за надворешни работи“,.

Каменос и натаму останува на ставот дека во идното име на северниот сосед не треба да стои грчкиот, според него, термин „Македонија“ и дека го почитува ставот усвоен на Советот на лидери на политички партии во 1992 според кое во името е треба да биде содржан тој збор. Но, „Јас му верувам на Коѕиас“ рече тој.

Грчките новинари коментираат дека остануваат разликите во позициите, Со таа разлика што сега, Панос Каменос, полека го омекнува ставот со делот од изјавата дека се бара решение прифатливо од сите политички сили во земјата.

Новинарите прогнозираат дека доколку сите партии се согласат за евентуалниот договор меѓу Македонија и Грција, тогаш Каменос нема да биде тој кој ќе се спротивстави, пренесе дописникот на МИА од Атина..

Сепак се чека ставот на опозициската Неа демократија, чиј лидер Кирјакос Мицотакис инсистираше коалиционите партнери Сириза на Ципрас и АНЕЛ на Каменос да постигнат и да излезат со заеднички став, а не за тоа да се гласа со мнозинство во грчкиот парламент.