Премиерот Димитар Ковачевски, на својот Фејсбук профил најави ново усогласување на пензиите од септември.
„Со новата методологија на усогласување на пензиите обезбедивме да има континуиран раст на пензиите.
Со последното усогласување во март пензијата се покачи за 8,4%, а усогласување ќе има повторно и во септември, со што пензиите за една календарска година ќе достигнат раст од 25%“ напиша Ковачевски.
Вчера премиерот имал состанок со претседателот на Партијата на пензионери Илија Николовски и потпретседателот Миле Андоновски, на кој зборувале за политиките и мерките на Владата за пензионерите, за предлозите и прашањата што се од нивен интерес.







