Венди Раш, сопруга на Стоктон Раш, основач и директор на OceanGate, кој загина во исчезнатата подморница „Титан“ чии делови беа пронајдени вчера, е правнука на патници кои загинаа на потонатиот „Титаник“ во 1912 година, пишува Индекс.хр



Станува збор за Исидор и Ајда Штраус кои патувале во прва класа на „Титаник“, а биле спомнати дури и во истоимениот филм на режисерот Дејвид Камерон „Титаник“.

Брачниот пар Штраус биле меѓу најбогатите патници на „Титаник“. Тие беа косопственици на познатата стоковна куќа Мејси.

Исидор одбил да влезе во чамецот за спасување, но неговата сопруга не сакала да се одвои од него

Како што напиша Њујорк Тајмс, тие веројатно се најпознати по нивната трагична љубовна приказна.

Преживеаните од Титаник раскажувале дека Исидор одбил да влезе во чамецот за спасување додека не влезат сите жени и деца.
Ајда, неговата 40-годишна сопруга, одбила да оди без него.

Потоа, двајцата биле видени како стојат рака под рака на палубата на Титаник додека бродот тонел.

Во филмот „Титаник“, тие се прикажани како двојка прегрнати во кревет и чекаат смрт додека водата навлегува околу нив.

Според архивите на Њујорк Тајмс, телото на Исидор било извлечено од морето околу две недели по потонувањето.

Посмртните останки на Ајда никогаш не беа пронајдени.

Венди Раш, нивната внука, дури три пати ги посетила остатоците на „Титаник“ кој е на дното на Атлантикот на 3,600 метри длабочина.

Венди Раш, роденото Холингс Веил, се омажила за Стоктон Раш во 1986 година.

Таа е директорка за комуникации во OceanGate …