Од добро информирани дипломатски кругови во Атина, ДПА дознава, дека се создава „нова динамика“ во спорот. Но, оттаму предупредуваат дека е тешко да се очекува брзо решение, односно порачуваат дека не треба да се очекува решение „од денес за утре“, пренесува Дојче Веле.
Истите грчки дипломатски извори за ДПА наведуваат дека „САД притискаат за решение и брз влез на Македонија во НАТО, за да се запре руското влијание во Македонија“.
Како решение се предлага одредница пред името Македонија, како Горна, Нова или Северна Македонија.
ДПА пренесува потврда од кабинетот на Ципрас за одржаниот телефонски разговор меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Заев претходно за македонските медиуми соопшти дека неколку пати телефонски разговарал со Ципрас и со грчкиот министер за надворешни работи Никос Козиас за време на неговиот новогодишен престој во Солун.





