Коњановски: Избрани сме да работиме, а не да се расправаме



Избрани сме да работиме, а не да се расправаме, вели во интервју за Актуел на Тера телевизија градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој зборуваше за политичките несогласувања во Советот на Општина Битола и релациите со претседателката на Советот.

„Нема да обвинувам, не сме тука да судиме, ние сме избрани од граѓаните да работиме во нивни интерес, а не да тераме политиканство“ вели Коњановски.

Во интервјуто зборува и за проектите кое се реализираат, улиците низ градот и во селата, потоа за новиот кружен тек, за велосипедските патеки, за состојбата со кучињата скитници и за реконструкцијата на спортската сала во Битола.

Коњановски ги отфрли обвинувањата околу парите од програмата за култура.

Во продолжението целото интервју со Коњановски.