Османи во одбраната од Вашингтон го злоупотребил МНР за партиски потреби на ДУИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска го злоупотребил министерството кое го води за потребите на неговата политичка партија ДУИ, смета екс амбасадорот во НАТО Зоран Дабиќ кој до неодамна беше и претседател на македонскиот дипломатски синдикат.



Османи не смеел пред симболите на МНР и државните обележја да дава партиска изјава, смета дипломатот од кариера.

,,Бујар Османи денеска требаше да излезе пред јавноста како министер за надворешни работи а не како портпарол на ДУИ. Тоа го налага актот на стратешкиот партнер на Македонија со кој што САД преземаа сериозни еднострани казнени мерки против македонски државјанин.
Тоа го налагаше и местото од каде денеска Османи ја даде изјавата и зад кого се гледаат инсигниите на МНР. Партиски изјави Османи треба да дава од седиштето на партијата, се друго е злоупотреба”, смета Дабиќ.

Османи во исто време е и претседавач со ОБСЕ.