Јавна седница од Апелациониот суд на кој ќе се разгледува неговата жалба по однос на продолжување на притворот за уштре 30 дена како осомничен за настаните во Собранието од 27-ми април, побарал актерот Владо Јовановски, пишува „Фокус“, според кој истото го бараат и притворените Оливер Поповски од шестата управа, како и Горан Ѓошевски од обезбедувањето на Трајко Вељановски.
Осум жалби по однос на одлуките од Кривичниот суд дос сега пристигнале во Апелација.
Како потсетување, Судот пред една недела одлучи да им го продолжи притворот за нови триесет дена на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.
Истата мерка е донесена и за организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и на уште шестнаесет лица осомничени за насилствата во Собранието.





