Новинарот Бранко Тричковски кој пишува за порталот Фронтлајн на Џабир Дерала напиша писмо до Заев во кое како човечки измет го карактеризира неговиот најблизок соработник, градоначалникот на Струмица и член на раководството на СДСМ Костадин Костадинов.

,,Каква врска има Костадинов со идејата Едно општество за сите.
Јас мислам дека ја негира.
Како што си дозволи како портпарол на сдсм да се огради од мене како ширач на говор на омраза во кампањата за антисемитизмот на Тричковски.
Безобразно и без стил.
Како е тоа можно.
Па уште и да биде награден со градоначалнича функција.
Со препораките, благо кажано, на Заев.
Тој е го*но киднапирано од некоја фундаменалистичка православна секта.
Засилена со еден папок.
Тој е твој човек.
Не папокот, говното.
А можеби и папокот.
Не дозволувај да ти ја ебат целата идеја и целата кариера и сите епохални остварувања.
Да прават од Струмица забранета зона за слободни луѓе.
Слободни во секој поглед.
Родов, сексуален, национален, верски…
Прати го во некој манастир и нека си ја тера својата агенда”, пишува Тричковски во писмото до Заев откако Костадинов се откажа од поддршка за ЛГТБ заедницата и рече дека е христијанин.






