
Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжи со агендата и средбите во Бундестагот.
Како што информира потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски оствариле исклучително значаен состанок со Јохан Вадефул, потпретседател на пратеничката група на ЦДУ во Бундестагот.
-Одлична можност да ги размениме своите ставови и позиции за актуелните состојби во Македонија и Европа но и да се заблагодариме за поддршката и пријателството помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ, објави на Фејсбук Мисајловски.
https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fmisajlovskivlado%2Fposts%2Fpfbid02Sv1dmk2TaWvmCzX4pLyBPBZQtkSSh6GRmssayhGhkq9DeB9uxnTBSBrWo5fPvRo5l&show_text=true&width=500
Вчера делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со Проф.Ламерт, претседател на фондацијата “Конрад Аденауер”, каде имало дискусии за Македонија, ЕУ, билатерална соработка со Германија и подготовката на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.





